„Дизни“ го престигна „Нетфликс“ во битката за претплатници
„Дизни“ во декември ќе поведе нова стриминг-услуга поддржана со реклами во САД во време кога го надмина „Нетфликс“ во трката за претплатници. Компанијата во почетокот на јули пријави 221,1 милион претплатници на трите стриминг-платформи. Ова го става веднаш пред „Нетфликс“, кој губи клиенти. Но, „Дизни“ предупреди дека неговото губење на правата за стриминг за крикет во Индија ќе го намали растот на претплатници во споредба со претходните прогнози. Компанијата, која исто така поседува платформа за стриминг на телевизија за возрасни – „Хулу“ и „ЕСПН плус“, фокусиран на спорт, соопшти дека побарувачката за нејзиниот производ „Дизни плус“ останува силна. Пандемијата им даде поттик на стриминг-услугите, но се чини дека олеснувањето на ограничувањата против Ковид-19 не ги спречува да привлекуваат нови клиенти, како што е случајот со „Дизни“. Компанијата додаде 14,4 милиони претплатници на „Дизни плус“ во кварталот, многу од нив надвор од САД, многу повеќе отколку што очекуваа аналитичарите.
Comments