„Дизни“ го одложи датумот на објавување на филмовите на Марвел
„Дизни“ го смени распоредот на филмовите од Марвеловиот киноуниверзум за 2022 година и пошироко. Забавната компанија најави бројни промени во својот оригинален распоред, што значи дека повеќе високопрофилни филмови од студиото Марвел ќе се појават во кината подоцна. Doctor Strange in the Multiverse of Madness („Доктор Стрејнџ во мултиверзумот на лудилото“) ќе биде објавен на 6 мај, наместо на 25 март, како што беше првично планирано. Thor: Love and Thunder („Тор: Љубов и гром“) во режија на Таика Ваитити е поместен од 6 мај до 8 јули, додека со нетрпение очекуваниот Black Panther: Wakanda Forever („Црн Пантер: Ваканда засекогаш“) е поместен од 8 јули на 11 ноември. Уште еден од најочекуваните филмови на „Дизни“, новиот филм за Индијана Џонс, се одложува речиси една година. Проектот во кој Харисон Форд ќе го репризира титуларниот лик сè уште нема официјален наслов и е преместен на нов датум, 30 јуни 2023 година. 79 -годишниот Харисон претходно изјави дека едвај чека да се врати на улогата. „Видовме како ликот се развива и расте во одреден временски период и е сосема соодветно да се врати повторно со одличен филм“, рече тој.
Comments