top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Дизајнери од Европски универзитет-Скопје меѓу најдобрите на изложбата инспирирана од македонски носи

„На изложбата на современи креации, инспирирани од богатата ризница на македонските народни носии, која од завчеравечер е отворена во Мала станица во организација на Media Broad Casting, тројца студенти од Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет -Скопје, поточно од катедрата за моден дизајн, беа меѓу петте најдобри. На изложбата се претставија вкупно 13 студенти од неколку факултети во Македонија, од кои шест од Европскиот универзитет: Ајла Хаџија, Христијан Младеновски, Стефанија Фидановска, Меланија Георгиевска, Фазиле Халили и Ивона Пановска

Тројца студенти од Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет -Скопје, поточно од катедрата за моден дизајн, се меѓу петте најдобри на изложбата на современи креации инспирирани од богатата ризница на македонските народни носии, која од вчеравечер е отворена во Мала станица, во организација на Media Broad Casting. На изложбата, на која учествуваа вкупно 13 студенти од сите факултети во Македонија, кои во својата програма имаат мода и дизајн, со свои модели се претставија шест студенти од Европски универзитет кои изминатите три месеци работеа под менторство на проф. д-р Јана Манева-Чупоска.

„Се работи за проект организиран од Надица Георгиева и Иво Јанковски од Media Broad Casting, во рамките на кој студентите требаа да направат современи прототипи како почетни фази и идеи за идни колекции. Нивните дела беа оценувани од комисијата во состав Александар Ношпал, Росица Мршиќ и Надица Георгиева кои што ги селектираа најдобрите модели на студентите. Од Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет се пријавија шест студенти: Ајла Хаџија, Христијан Младеновски, Стефанија Фидановска, Меланија Георгиевска, Фазиле Халили и Ивона Пановска, а комисијата ги избра Ајла Хаџија, Христијан Младеновски и Стефанија Фидановска, од чии скици и модни илустрации се реализирани прототипи и претставени на кукли во рамките на изложбата“, посочи Манева-Чупоска. Таа нагласи дека оваа тема е доста тешка за работа со оглед дека македонските народни носии имаат многу детали, колоритни се и слоевити, а се состојат и од многу парчиња.

„Мојот фокус години наназад е истражување во областа на македонските народни носии преведени во современ моден дизајн, тема на која и докторирав. Kако ментор и професор од таа област им го пренесов моето знаење, преодот од таа богата ризница, и тие сите апликативни моменти кои што ги има носијата и создавање на современа модна колекција не е лесен процес. Имавме одлична комуникација и со членовите на жири комисијата, и сметам дека е благодат кога студентите ќе имаат и контакт со други големи професионалци надвор од институцијата како Ношпал, кој е дизајнер и професор со огромно искуство, Мршиќ, модна дизајнерка со одлични колекции и секако Георгиева, една од првите македонски манекенки“, посочува Манева-Чупоска.

Организаторите одлучија да им се даде можност на сите учесници и оние кои не беа селектирани, своите скици да ги отпечатат во голем формат, така што и тие беа дел од изложбата, која предизвика огромен интерес и поради тематиката, бидејќи се работи за нашето културно наследство“, истакнува проф. д-р Манева-Чупоска.

Еден од организаторите на изложбата Иво Јанковски од Media Broad Casting, пак, посочи дека се работи за навистина прекрасни креации кои пристигнале на отворениот повик кој тие го упатија пред три месеци, а се однесуваше токму на студенти по моден дизајн од цела Македонија.

„Идејата на овој проект, кој всушност е поттикнат од Надица Георгиева, е да се даде предизвик на млади луѓе да креираат нешто што е модерно, современо, но инспирирано од народни носии, бидејќи тие се неисцрпна инспирација за сите креатори, и воедно се преубави. Над сите наши очекувања изложбата ја посетија огромен број на луѓе. Ова е и еден од ретките проекти кој ангажира млади кои се уште не се оформени и ангажирани. Сепак нивната креативност е фантастична и тоа што го направија е преубаво. Од пет селектирани тројца се од Европски универзитет, а нивните трудови беа впечатливи. Верувам дека овој проект ќе продолжи да се реализира и понатаму“, вели Јанковски, кој посочува дека изложбата ќе биде отворена и в сабота. (Д.Т.)





3 views

Comments


bottom of page