Search
Дибиров ќе „лета“ со Загреб уште две години
- Aleksandar Santovski
- Feb 20, 2023
- 1 min read
Тимур Дибиров за неколку месеци ќе го прослави 40. роденден (30 јули), но ветеранот не размислува за пензија и најдобар доказ за тоа е последната информација која ни дојде од Хрватска од неговиот клуб ППД Загреб.
Популарните плинари соопштија дека левото крило се согласило за продолжување на соработката за уште две сезони што значи дека Русинот ќе биде активен најмалку до 42 година. Со ова Дибиров дополнително ќе го продолжи престојот на Балканот каде девет години беше дел од најдобриот македонски клуб Вардар за да од 2022 година се пресели во Загреб.
Хрватскиот прволигаш воедно објави дека на нов договор се согласил и Паоло Краљевиќ.

Comments