Search
Дибиров детонираше „бомба“: Ова е мојата последна сезона во Вардар!
Ракометниот портал „Само ракомет“ денеска објави видео подкаст во кој гостин е Тимур Дибиров, ракометар на Вардар кој речиси цела деценија е дел од скопските „црвено-црни“.
Русинот беше дел од тимот во двата наврати кога Вардар стигна до европската титула, најпрвин во 2017 година, а потоа и во 2019 година.
– Не знам дали е вистински момент или не, но сакам да објавам кај вас дека ова е мојата последна сезона во дресот на Вардар. Натпреварот со Веспрем беше мој последен во Лигата на шампионите за Вардар. Би сакал да одиме во Битола, да победиме и на тој начин да се збогувам со овој дрес,- вели Дибиров во интервјуто за „Само Ракомет“.
Дибиров рече дека за неговата тешка одлука постојат повеќе причини, но не сака да зборува за тоа.
Comments