Дибала се огласи и испрати јасна порака за неговата иднина во Рома
- Aleksandar Santovski
- Jul 10, 2023
- 1 min read
Аргентинскиот репрезентативец, Пауло Дибала се огласи и испрати јасна порака за неговата иднина во италијанскиот прволигаш Рома.
Офанзивецот имаше квалитетна прва кампања во дресот на „волчицата“ со што само потврди дека се уште може да игра на највисоко ниво, па во изминатиов период доста се говори за негов потенцијален трансфер со тоа што во последниве денови фокусот беше ставен на премиерлигашот Челси.
И ветеранот Тијаго Силва имаше една изјава на оваа тема дадена за време на Големана награда на Велика Британија во Ф1 шампионатот за да малку подоцна се огласи и Пауло кој ги расчисти сите дилеми во однос на оваа тема, прашање.
-Јас сум мотивиран за предсезоната кој започнува утре (понеделник). Мојата иднина? Среќен сум во Рома, останувам тука, -порача напаѓачот кој има договор до 30 јуни 2025

コメント