top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Дибала откри што најмногу го фасцинирало во Рома: Нешто сосема поинакво од опкружувањето во Јуве


Играчите кои си заминаа од Јувентус ова лето се предодредија да даваат зајадливи изјави во изминатите неколку дена, па по Матијс Де Лихт и Денис Закарија, сега со сличен тренд продолжи и Пауло Дибала.

Пред крајот на 2021-ва година, Дибала имаше постигнат усмен договор со Јувентус за нов долгогодишен договор и изгледаше дека сите детали се договорени, но во последен момент, клубот се премисли и реши парите предвидени за неговата плата да ги пренасочи за купување на Душан Влаховиќ.

Во продолжение, Јувентус не подготви нова понуда и му дозволи на Дибала да си оди како слободен агент, па по неколку месеци мислење, Аргентинецот на крајот заврши во Рома.

– Последните неколку години во Јувентус не беа лесни, мислам дека добро ми дојде промената. Мурињо ми се јави и за неколку минути донесов одлука. Тој и директорот на Рома ми го објаснија проектот и навистина ми годи што сум протагонист во таков тим.

– Дочекот од фановите беше нешто необично. Кога влегувате на стадион, тоа го правите со сите соиграчи, но пред Колосеумот бев сам и никогаш немав доживеано такво нешто. Фановите на Рома се слилни како Аргентинците, имаат иста страст. Тоа е сосема поразлично од опкружувањето во Јуентус. Навивачите на Рома се како Аргентинците, имаат позитивно лудило, ја чувствувам љубовта и тие се како семејство за Рома. Тие живеат за фудбал како што живееме ние во Аргентина, – вели Дибала.


1 view

Comments


bottom of page