top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Дибала: Му кажав на Роналдо дека го мразев како дете

Пауло Дибала има одлична прва сезона во дресот на Рома, а во своето најново интервју зборувал на различни теми поврзани со фудбалот, вклучувајќи го односот со Кристијано Роналдо.

Дибала и Роналдо играа заедно три сезони во редовите на Јувентус, а Аргентинецот во една прилика му признал на Кристијано дека и не бил негов голем фан во детството.

– Во Аргентина ривалството меѓу Меси и Роналдо имаше посебно значење, а јас нормално како дете секогаш бев на страната на Меси.

– При еден авионски лет, седевме во различни делови, но Роналдо дојде до мене и зборувавме на различни теми поврзани со фудбалот и животот.

– Во еден момент јас му реков „буквално те мразев кога бев дете“, убаво се изнасмеавме за тоа, а нашата конекција секогаш беше на високо ниво, – истакнал Дибала.


0 views

留言


bottom of page