top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ди Марија откри како Меси реагира на свирежите на навивачите на ПСЖ

Лионел Меси е еден од играчите кој е доста исвиркуван од навивачите на Пари Сен Жермен, потег кој дел поддржувачите на клубот почнаа да го прават по елиминацијата на екипата од Лигата на шампионите. „Светците“ имаа „црни минута“ на средбата во Мадрид, а тоа беше доволно за Реал да направи целосен пресврт и се пласира во следната фаза во која беше подобар од Челси, потоа и од Манчестер Сити за да обезбеди финале против Ливерпул. Останува да се види дали „кралевите“ на крајот ќе го кренат трофејот, па ПСЖ ќе може да се утеши со фактот дека загубиле од шампионат и со тоа воедно да се смират навивачите, особено ултрасите. Сепак свирежите не го погодуваат Меси и тоа го откри неговиот сонародник и соиграч Анхел Ди Марија. -Се исвиркува најдобриот играч на светот …тешко е да се поверува. Но, овде во клубот луѓето, ултрасите бараат, тие се многу страсни и гледаат како доаѓаат најдобрите играчи и ние сме елиминирани во осминафиналето од Лигата на шампионите, нормално е дека се разочарани. Тоа се случува насекаде. -Еве, тоа се случува со најдобрите во светот. Лео не обрнува внимание, тоа е детал. Тоа е фудбал. Знаеме дека е така, така мора да биде. Мораме да бидеме силни. Тоа е фудбал, вакви работи се случуваат,-вели Анхел кој се надева дека ќе остане во сегашната средина. -Договорот завршува во јуни и мојата идеја е да останам овде. Би сакал мојата последна година во Европа да биде овде во Париз. Не знам дали клубот ја има истата желба. Има преддоговор, ќе видиме дали ќе го потпишеме или не, во спротивно ќе видам можност да одам во друг тим во Европа за на најдобар можен начин бидам спремен за Светското првенство, доколку бидам повикан,-заврши офанзивецот.


1 view

Komentarze


bottom of page