Ди Марија не најде место за Роналдо во својот идеален тим од најдобри соиграчи (Фото)
31.01.2024 Januari Sreda
Анхел Ди Марија најави дека својот последен настап за репрезентацијата ќе го има на Копа Америка, натпреварување на кое планира да стави крај на еден незаборавен циклус кој му донесе многу тешки моменти, но на крајот и историски достигнувања.
Ди Марија беше клучен фактор за освоените титули на Копа Америка и Светското првенство, но кога е во прашање токму оваа златна генерација на Аргентина, Анхел избра само тројца членови во својот идеален тим.
Аргентинецот направи избор на најдобрите играчи со кои соработувал во својата кариера, а најголемо внимание привлекува тоа што во идеалните 11 не најде место за Кристијано Роналдо.
Ди Марија се вклучи себеси во најдобрите 11 заедно со Емилијано Мартинез, Николас Отаменди и Лео Меси од репрезентацијата, додека останатите се играчи со кои соработуваше на клупски план.
Марсело е лев бек, Рамос десен бек, Маскерано со кого порано беше соиграч во репрезентацијата е стопер со Отаменди, во средниот ред се смести себеси со Руи Коста и Нејмар, додека во нападот им даде предност на Меси, Мбапе и Ибрахимовиќ.
Comments