top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис

Анхел Ди Марија веќе го знае својот следен клуб, a истиот веројатно официјално ќе биде објавен по крајот на актуелната сезона.

Аргентинецот има уште еден натпревар со ПСЖ во француското првенство, а со оглед на тоа дека му е истечен договорот, изминативе недели имал успешни преговори со Јувентус.

Италијанските медиуми денеска објавија дека Јувентус го добил посакуваното „да“ од Ди Марија, па наредниве денови ќе бидат договорени и најситните детали од трансферот.

Се очекува да биде потпишан едногодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона, а Ди Марија би требало да добие околу 7 милиони евра.

Ди Марија пристигна во ПСЖ во 2015 година, одигра 294 натпревари, постигна 92 гола и стана најдобар асистент во клупската историја со 118 успешни асистенции.


4 views

留言


bottom of page