Ди Марија: Меси е „вонземјанин“, ама Аргентина не мора да зависи од него
- Aleksandar Santovski
- Nov 15, 2022
- 1 min read
Аргентина е селекција која сака да се врати на врвот на светскиот фудбал, односно по подолга пауза одново да дојде до пехар на собирите на најдобрите репрезентации на планетава.
„Гаучосите“ се во одлична серија, го освоија пехарот на Копа Америка што е доволна причина да веруваат дека можат да направат голем резултат во Катар. Лидер и вистински преводник е Лионел Меси, човек од кого ќе зависат многу работи, но според Анхел Ди Марија мора и другите играчи да преземат одговорност без разлика на кавлитетот, магијата што ја поседува капитенот.
-За мене да се биде покрај Лео е се. Тој е најдобриот на светот, вонземјанин и нема да се изморам тоа повторно да го кажам. И пак ќе кажам: играњето со Лео е најдоброто нешто што ми се случи во кариерата. Поминавме многу години заедно во репрезентацијата и дури можев да играм во ист тим со него, бидејќи е многу поубаво да го гледам секој ден.
-Секогаш се трудам да се поврзам со него, да го барам, но и да разберам дека иако може да ја реши мечот, не мора секогаш да му ја даваш топката. Или треба да размислите кога треба му ја дадете, -порача Анхел за „Ла Насион“.
Аргентина е во група со Полска, Саудиска Арабија и Мексико.

コメント