Ди Марија издржа само една година во Јувентус: Си одам со горчлив вкус (Фото)
- Aleksandar Santovski
- Jun 6, 2023
- 1 min read
Анхел Ди Марија пристигна како огромно засилување за Јувентус на крајот на минатото лето, но тоа што требаше да претставува супер аквизиција за „старата дама“ на крајот не функционираше поради повеќе причини.
Искусниот офанзивец речиси да не заигра до почетокот на Светското првенство поради повреди, па иако имаше подобри перформанси во вториот дел од сезоната, тоа не беше доволно за да се изгради посебна хемија меѓу двете страни.
Аргентинецот денеска официјално информираше дека нема да го продолжи договорот со Јувентус и си оди после само една сезона, па сега неизвесно е каде ќе ја продолжи својата кариера.
– Ставам крај на тежок и комплициран период. Си одам сигурно, знаејќи дека дадов се за клубот да продолжи да освојува трофеи, нешто што сепак беше невозможно. Си одам со горчлив вкус поради тоа што не успеав, но со задоволство дека тука стекнав големи пријатели во неверојатна соблекувална.
– Благодарност до сите соиграчи за љубовте која ми ја покажаа од првиот ден, секогаш се чувствував како дома. Ги поздравувам сите Јувентини за секојдневната поддршка. Ви испраќам голема прегратка и ќе ве носам во моето срце, – вели Ди Марија.

Comments