top of page

Ди Каприо и Скорсезе повторно ќе се обединат за нивниот осми филмски проект

Леонардо ди Каприо и Мартин Скорсезе повторно ќе работат заедно на нов филмски проект. Актерот ќе глуми во новата поморска драма на Скорсезе, The Wager, која се развива за „Епл ориџинал филм“. Ова е осми пат тие да соработуваат на екранот по претходните филмови, вклучувајќи ги „Волкот од Волстрит“ и „Авијатичарот“. Ќе следи по најновиот филм на дуото, крими-драмата „Убијци на цветната месечина“ (Killers Of The Flower Moon), кој се очекува да дебитира на Канскиот филмски фестивал во 2023 година. The Wager е заснован на нефикциона (публицистичка) книга на Дејвид Гран со наслов „Облог: Приказна за бродолом, побуна и убиство“ (The Wager: A Tale Of Shipwreck, Мutiny, And Murder). Дејствието на филмот е сместено во 1740-тите, а станува збор за две групи морнари насукани во Јужна Америка. Првата група преживеани од британски брод пристигаат на остров во Патагонија и се дочекани како херои, но шест месеци подоцна се појавува друг брод кај брегот на Чиле со тројца мажи кои ја обвинуваат другата група дека се бунтовници.

ree

 
 
 

Comments


bottom of page