top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ди Каприо и Камила не се повеќе заедно

Леонардо ди Каприо (47) и Камила Мороне (25) ја прекинаа четиригодишната романса, објавија таблоидите цитирајќи упатени извори блиски со парот. Инсајдер објасни за магазинот „Пипл“ дека Лео и Камила, кои почнаа врска во јануари 2018 година, повеќе не се заедно. Британски „Сан“ цитира извор близок со Леонардо дека актерот и манекенката ставиле крај на врската летово и наводно разделбата била мирна. „Лео и Камила се разделија ова лето. Едноставно, одлучија дека тоа е најдобро“, вели изворот. Нивните претставници одбија да ги коментираат тврдењата.



2 views

Opmerkingen


bottom of page