ДЗР со низа забелешки за финансиското работење на Филхармонија: Кој и како издавал под закуп, утврду
ДЗР со низа забелешки за финансиското работење на Филхармонија: Кој и како издавал под закуп, утврдувал цени на билети, ангажирал хонорарци?!Државниот завод за ревизија во извештајот кој се однесува за финансиското работење на Националната филхармонија за 2020 година изрази неповолно мислење во однос на “вистинитото и објективното прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности, како и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики“„НУ Филхармонија нема изготвено пишани процедури за начинот на задолжување и раздолжување со билети на билетарниците и доделување на гратиси, одредување на одговорни лица овластени за наплата и предавање на дневниот промет од продажба на билети во благајна и уплата на сметката на установата, како и нивна контрола… Во деловните книги, евидентирани се приходи од закупна просторот во кој работи установата во износ од 1.387 илјади денари. По извршен увид во Статутот на НУ Филхармонија како и начинот на фактурирање и наплата на приходите по овој основ утврдено е дека УО донел Одлука за утврдување на цената за изнајмување на просторот (голема сала, мала сала и фоаје) регулирани во варијабилен распон, со што се создава ризик од субјективизам при формирање на цените при закупот, додека изнајмувањето на инструменти се врши без претходно утврдена висина на надоместок за изнајмување…“. Ова се само дел од забелешките кои стојат во завршниот извештај на Државниот завод за ревизија за финансиското работење на НУ Национална филхармонија за 2020. Државниот ревизор утврдил и дека во 2020 година во Филхармонија се ангажирани 8 лица за потребите на установата, при што се исплатени 1.136 илјади денари. Сепак од ДЗР констатираат дека “не се пропишани критериуми за избор на овие лица, ниту критериум за утврдување на висината на надоместоците за извршената работа по однос на склучени договори и истите „варираат од 8 до 34 илјади денари месечно, додека едно лице добива надоместок врз основа на процент од продадени билети“.Токму „невоспоставениот систем на внатрешни контроли при плаќање, немање критериуми за висината на надоместоците за дел од хонорарците, слабости во пресметката на цената на билетите и пракса за издавање гратис билети во значителен процент од вкупно продадените билети, како и реализација на приходи по основа на издавање на простор и инструменти под закуп, иако во законските и подзаконските акти не е предвидено како извор на финансирање на оваа национална установа“ се едни од главните забелешки на ревизорот.„Со извршената ревизија за 2020 година изразивме неповолно мислење во однос на вистинитото и објективното прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики“, стои во завршниот извештај на Државниот завод за ревизија.За финансиските ревизори нејасно било и како се организирале конкурси за нововработени, што сè поседува од опремата поради нецелосниот попис. Утврдени се и недостатоци во актите со кои се врши ангажман на нововработени лица и пропусти при реализацијата на активностите во врска со конкурсот за нови вработувања. Во делот на забелешките во извештајот е и нецелосно извршен попис од средствата со кој располага установата, неевидентирана опрема, како и извршено евидентирање на инструменти по нереално ниски износи, а утврдени се слабости и кај дел од спроведените постапки за јавни набавки.Забелешките се однесуваат и на недонесување на пишани процедури за потврдување на вистинитоста и објективноста на финансиската документација при наплатата на приходите од самофинансирачките активности, (при што не се евидентирани и надлежности и одговорности на лицата инволвирани во процесот). ДЗР исто така утврди и непочитување на буџетското начело на парично искажување на приходите и расходите при што се утврдени разлики во салдата кај поголем број на позиции во финансиските извештаи.Забелешките на ревизорите се на сметка на сегашното и претходното раководство, па за констатираните состојби ревизијата даде препораки со цел тие да се надминат во наредниот период.
Comments