top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Дејвис Куп во Скопје: Македонија отвори фуриозно против Косово, следна е Андора

23.06.2021 Juni Sreda

Македонската Дејвис куп репрезентација отвори со победа на турнирот организиран во Скопје од рамките на четвртата зона, откако нашите тенисери не пронајдоа сериозни предизвикувачи кај противниците од Косово.

Македонија со убедиви 3:0 ја доби оваа пресметка бидејќи Калин Ивановск и Горазд Србљак преубедливо славеа во сингл, а третиот меч во двојки исто така беше едносмерен и Ивановски и Стефан Мицов загубија само два гејма. Со вкупно загубени три гејма во трите меча, Македонија ја демонстрираше својата супериорност на домашен терен против Косово, а утре на програмата е пресметката со Андора.

Натпреварите се играат во тенискиот клуб „Југ“, a Скопје е домаќин на еден ваков турнир по пауза од 10 години.

– Ми претставува особено задоволство што за краток временски период, како Тениска Федерација, домаќини сме на уште еден, светски познат настан од сферата на тенисот. По успешна реализација на подготвителните активности, на терените на „Југ“, официјално започна Дејвис Куп.

– Верувам дека ни претстои седмица исполнета со одличен тенис, а на сите национални тимови – дел од четвртата европска група им посакувам добредојде и успех во тениските мечeви, – изјави г-дин Александар Ивановски, Претседател на Тениската Федерација на Северна Македонија.


2 views

Comments


bottom of page