top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Дејвид Швимер и Џенифер Анистон чувствувале силна хемија во текот на снимањето на „Пријатели“

Дејвид Швимер и Џенифер Анистон негувале симпатии еден кон друг за време на снимањето на „Пријатели“. Меѓусебната привлечност траела во текот на првите две години од серијата, но тие никогаш не станаа двојка надвор од екранот бидејќи и двајцата биле во врска со други луѓе. 54-годишниот актер призна дека имал голема симпатија кон неговата колешка кога првпат почнале да работат заедно во 1994 година и иако чувството било заемно, тие никогаш не постапувале во согласност со нивните емоции бидејќи еден од нив бил во врска. Говорејќи на специјалната средба на шесте актери од некогашната хит-серија, Дејвид призна: „Во текот на првата сезона многу се заљубив во Џен“. „Во првата една или две години имаше моменти кога се гушкавме на каучот и размислував – како е можно сите други да не забележат дека има искри меѓу мене и Џен? Тоа беше ситуација за која не можевме да сториме ништо бидејќи еден од нас беше секогаш во врска и никогаш не ја преминавме таа граница, го почитувавме тоа“. Додека остатокот од актерската екипа му призна на домаќинот Џејмс Корден дека биле свесни за чувствата на двајцата колеги, Џенифер се согласи дека никогаш не можеле да постапат според нивната заемна привлечност, но и двајцата сметале дека ќе биде смешно ако се бакнат само како дел од приказната за нивните ликови Рос Гелер и Рејчел Грин. Таа рече: „Беше реципрочно, лежевме и обично заспивавме на каучот заедно. Се сеќавам дека му велев на Дејвид оти ќе биде многу лошо ако навистина се бакнеме првапат пред камерите на национална телевизија, но така беше“. Специјалната епизода, без претходно напишано сценарио, со наслов „Пријатели: повторно обединети“, се емитуваше 17 години по завршувањето на една од најпопуларните серии на сите времиња.




2 views

Comments


bottom of page