top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Дејвид Бекам има нова летна фризура

Updated: Aug 5, 2021

04.08.2021 Sreda Avgust

Сопругот на една од најстилските жени во светот и модна дизајнерка, Викторија Бекам, секако дека не е рамнодушен кон модата и прилично обрнува внимание на својот изглед. Прославениот фудбалер Дејвид Бекам често добива пофалби за својот впечатлив изглед и добриот моден избор со посебен акцент на фризурата. Во помладите години, во текот на 2000 години, Дејвид носеше фризура, која по него беше наречена „бекамка“, и подоцна ја копираа многумина. Во неговите позрели години англиската фудбалска легенда најчесто носеше уредна кратка коса, без премногу експериментирање, а сега на 47-годишна возраст Дејвид одлучи повторно да ги отпушти сопирачките. Тој целосно ја осветли својата кратка коса, а на следачите на „Инстаграм“ им се пофали со новиот летен изглед додека ужива со своето семејство на брегот на Италија. На фотографиите се гледаат ќерката Харпер Севен, синот Круз, кој ја обои косата во розова боја, и родителите на Бекам.




1 view

Comments


bottom of page