top of page

Дејан Георгиевски на чекор до медал, ќе се бори во полуфиналето во Токио

Дејан Георгиевски се пласираше во полуфиналето на турнирот во таеквондо на Летните олимписки игри во Токио.

Македонскиот репрезентативец го победи Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска со резултат 9-4, во четврт-финалето во категоријата над 80 килограми.

Георгиевски во полуфиналето ќе се бори со Дон Кио Ин од Јужна Кореја (од 9.45 часот, пренос на МТВ).


 
 
 

Comentários


bottom of page