Дешифриран египетски ракопис открива тајни за детството на Исус
14.06.2024 Juni Petok
Текстот е преземен од https://novamakedonija.com.mk
Папирус стар 2.000 години, кој веќе неколку децении се наоѓа во Германија, ја раскажува помалку познатата приказна за оживувањето на врапчињата, петгодишниот Месија и за неговиот татко. Несмасноста на ракописот ги навела истражувачите да веруваат дека папирусот веројатно бил напишан како дел од вежба во училиште или во верска заедница во Египет од 4 или 5 век, кој во тоа време бил христијанско општество. Иако досега се веруваше дека оригиналната приказна за чудото на Исус била напишана околу 2 век како дел од Евангелието по Тома, книга што детално ја прикажува младоста на Исус од Назарет и која на крајот била исклучена од Библијата.
Досега, папирусот се чувал незабележано во Државната и универзитетска библиотека во Хамбург, а бил каталогизиран и вклучен за разгледување, најверојатно, дури по 2001 година. Всушност, експертите наишле на папирусите додека ги анализирале ракописите и го забележале името на Исус во текстот.
– Се сметаше дека е дел од секојдневен документ, како што е приватно писмо или список за купување, бидејќи ракописот изгледа толку несмасно – рече д-р Лајос Беркс, коистражувач и предавач на Теолошкиот факултет на Универзитетот „Хумболт“.
Тој изјави дека истражувачите прво го забележале зборот „Исус“ во текстот. Потоа, споредувајќи го со многу други дигитализирани папируси, тие го дешифрирале буква по буква и брзо сфатиле дека не може да биде секојдневен документ, а ова евангелие било изоставено од Библијата бидејќи се сметало за неавтентично.
Во оваа приказна, Исус има само пет години и си игра во потокот додека обликува 12 врапчиња од мека глина во калта на коритото на реката. Кога неговиот татко Јосиф забележува што прави, го прекорува Исус и го прашува зошто би обликувал глина на Шабат – светиот ден за одмор и богослужба. Како одговор, „Исус им заповеда на глинените фигури да ’летаат како живи птици‘, а тие го прават тоа“, објасни професорот д-р Габриел Ноки Маседо од Универзитетот во Лиеж.
– Покрај она што може да се заклучи од општата историја на колекцијата, нема докази за тоа како и кога бил откриен папирусот – напишале истражувачите, а пренесува „Дејли мејл“, додавајќи дека досега се мислело дека Евангелието за детството на Тома е апокрифно евангелие од детството на Исус.
Исто така, се нагласува дека извештаите, приказните и записите за детството на Исус се ограничени на приказната за неговото раѓање, бегството на семејството во Египет, нивното враќање во Назарет и посетата на Ерусалимскиот храм. Дополнителни информации за неговата младост се наоѓаат во апокрифните евангелија, напишани по неговата смрт. Не е познато зошто раните години на Исус биле исклучени од Библијата, но професорот Чарлс Даер вели дека тоа е веројатно затоа што фокусот е на тоа зошто дошол на земјата, неговата служба и што довело до неговото време на крстот.
– Всушност, ние, дури и во неговата зрела возраст, имаме многу малку од животот на Исус, но делот што го имаме е она што Бог го мисли дека е доволно за навистина да разбереме кој е тој и зошто дошол на земјата – додаде професорот Даер.
Comments