Дечкото на Шакира проговори за гласините за нивната врска: Таа е неверојатно човечко суштество
Џими Батлер го кажа своето мислење за латино ѕвездата Шакира и ја нарече „неверојатна“. Светските медиуми ги подгреаа гласините за наводната романса, кои се вртеа околу потенцијалната двојка пред почетокот на сезоната 2023-2024 во НБА, пишува „Дејли меил“ (Dailymail).
Батлер (34) и Шакира (46) беа видени заедно во текот на летото по нејзината разделба со поранешниот дефанзивец на Барселона, Жерар Пике, минатата година.
Шакира се преселила да живее во Мајами со нејзините две деца, Милан и Саша, оваа година, и била видена како навива за тимот на Батлер, многу пати во минатото.
Запрашан за шпекулациите дека тој и „Шакира“ се во врска, Батлер, кој влегува во својата 13-та сезона во НБА, изјавил:
– Таа е неверојатно човечко суштество и е неверојатно талентирана, но никогаш не знаете што прават луѓето, тие само измислуваат работи. Само заради тоа што сме пријатели и таа живее во Мајами, а нејзините синови се големи љубители на кошарката – не значи дека ние двајца се забавуваме. Само затоа што луѓето се дружат не значи дека се во врска. Но, тоа на сите им дава материјал за зборување, така сите продолжуваат со таа приказна. Таа е многу кул и тоа е сè што имам да кажам!
Колумбијката беше поврзувана и со ѕвездата на Формула 1, Луис Хамилтон, со кој помина време по завршувањето на Големата награда на Мајами во мај.
留言