top of page

Дефанзивната Македонија непоразена се враќа од тестот во Даблин квалификации за светско 2026 фудбал

31.03.2026 Mart Vtornik

Во натпревар кој многу брзо ќе се заборави, македонската фудбалска репрезентација одиграа 0-0 на „Авива стадиум“ во Даблин против Ирска, во интернационален пријателски натпревар на две селекции кои загубија во полуфиналето на европскиот плеј-оф за мундијалско место. Гоце Седлоски им даде шанса на 21 фудбалер, но, како и во Копенхаген, нашиот напад беше без „муниција“ ии упати само еден удар во рамката на голот. 

Седлоски им даде шанса на Фетаи, Велковски, Алими и Костадинов во стартниот тим, а и Халгримсон изврши неколку замени од стартниот тим во Прага во четвртокот. Дуелот започа претпазливо, па по само неколку минути првата закана ја имаше Огбене, но биеше преку голот. Следеа слободни удари на Барди и Парот, но во ниту една ситуација голманите не капитулираа. 

Следеше мирен период во централната фаза и бура во финишот на првиот дел. Парот прво се ослободи од Велковски и биеше преку голот, а потоа постигна два гола, кои му беа поништени заради недозволена позиција. 

На почетокот од вториот дел влегоа Милан Ристовски, Серафимов и Мусовски на местата на Растодер, Барди и Велковски. Сепак, Ирците почнаа жестоко, ја притиснаа нашата одбрана и Димитриевски беше на искушенија. Парот во 52. минута беше најблиску до отворање на резултатот, но ударот од свртување заврши во дирекот. Во 55, минута Азаз биеше од голема далечина, но топката заврши крај левиот дирек од нашиот гол. Минута подоцна многу непрецизен беше и Огбене од централна позиција. Во 57. минута третата закана по ред за Ирците заврши со блок и спас во последен час на Фетаи по ударот на Парот. 


На неполн час игра Седлоски изврши четири замени и шанса добија Николов, Рамадани, Дориев и Станковски на местата на Елмас, Алими, Костадинов и Чурлинов. Менуваше и ирскиот стручен штаб и превласта на теренот на „зелените“ стануваше се поголема. Дебито на Фетаи траеше 65. минути, па селекторот го повлече и му даде минути на Висар Муслиу. Фудбалерот на Шкендија, Решат Рамадани, само што влезе - веднаш се повреди и беше заменет со Егзон Бејтулаи

Следеше голем пад на темоото, двете селекции како да се задоволија да не загубат и зрели шанси скоро и да немаше до самиот финиш. На крајот од натпреварот овации доби Огбене, кој беше заменет во 84. минута од Џони Кени, Иако беа поактивни и креираа повеќе шанси, Ирците не најдоа начин да го совладаат Димитриевски. Ние бевме дефанзивно организирани, но пасивни во офанзива и со само еден упатен удар кон голот на Калехер, не можевме да се надеваме на повеќе од нерешен резултат. Во петтата од седум минути судиско надополнување резерзистот Кени имаше голема шанса, но биеше централно и Столе Димитриевски одбрани. Со тоа пропадна последната ирска шанса за победа во овој пријателски натпревар.

Следните репрезентативни активности се во јуни, кога Македонија ќе одигра два пријателски натпревари. 


 
 
 

Comments


bottom of page