Дефанзивецот на Сити со брутален заклучок: Јунајтед потроши многу пари, не сакам да сум во нивна кож
01.04.2022 April Petok
Дефанзивецот на Сити со брутален заклучок: Јунајтед потроши многу пари, не сакам да сум во нивна кожа!Манчестер Сити одново води жестока битка со Ливерпул за титулата во Премиер лигата и измианатава деценија стана традиција да ги гледаме „граѓаните“ во ваква ситуација, што всушност претставува една голема промена во градот Манчестер.
За разлика од времето кога Јунајтед беше убедливо доминантен под водство на Сер Алекс Фергусон, сега улогите се значително променети, а најдобар доказ за тоа се трофеите во последните неколку сезони кои значително се на страна на „небесно сините“ кои ги предводи Пеп Гвардиола.
Говорејќи на оваа тема, Ајмерик Лапорт дојде до еден брутален заклучок и без влакна на јазикот направи споредба меѓу двата тима, не заборавајќи да нагласи дека Јунајтед троши идентично многу пари како клубот од „Итихад“.
– Луѓето сигурно не се изморија од нас, но мислат дека е нормално да се победува цело време. Ако не се лажам, освоивме 11 трофеи во последните четири години. Тоа може да им пречи на некои луѓето, поготово на нашите соседи од градот кои немаат ништо освоено. Имаат огромна база на навивачи и сме од ист град и тешко им е да го разберат ова. На крајот, има само еден победник, а не треба да се заборави дека и тие потрошија многу пари.
– Не е се во парите, колку и да чини еден играч, тоа не значи дека е најдобар. Знам каква е јавноста, ние ја имаме најдобрата одбрана во лигата според бројките, но некои повторно знаат да кажат дека имаме проблем во одбраната. Гледајќи од оваа перспектива, не сакам ниту да помислам низ што поминуваат играчите на Јунајтед кои се под постојан притисок и критики. Тоа ги нервира играчите, но такво е ова фудбалско друштво, – вели Лапорт во интервјуто за „Гардијан“.
Commentaires