Дефанзивецот кој ќе биде задолжен да го чува Мбапе: Нема да му постелам црвен тепих
Гери Невил и Рио Фердинанд го посочија Кајл Вокер како единствен дефанзивец кој може да се носи со Килијан Мбапе, а нивните претпоставки сега ќе бидат пред сериозно искушение во вечерниот саботен термин.
Англија и Франција ќе играат во четвртфиналето на Светското првенство и јасно е дека ќе гледаме пресметка меѓу Вокер и Мбапе, особено поради фактот што Кајл е активен по десната дефанзивна страна, а Килијан по левата офанзивна.
Мбапе постигна пет гола на првите четири натпревари на мундијалот во Катар и јасно е дека е најголема опасност во францускиот тим, но Вокер не мисли лесно да се предаде и да му посели црвен тепих.
– Натпреварот не е Англија против Мбапе или Вокер против Мбапе, натпреварот е Англија против Франција. Ќе покажеме респект кон Килијан, но нема да му постелам црвен тепих за да постигне гол. Ќе биде да се биде или не.
– Сфаќам што треба да направам за да го сопрам на теренот. Полесно е да се каже отколку да се направи, но нема да се потценам себеси. Сум играл против многу големи играчи во кариерата и на ова гледам како на натпревар плус. Ќе го добие респектот кој го заслужува, но не премногу. Ние сме Англија, а фудбалот не го сочинува само еден играч, ова не е тенис, – изјави Вокер.
Comments