top of page
Search

Детроит го направи Монти Вилијамс најплатен тренер во НБА историјата

Детроит Пистонс одлучиле да го ангажираат Монти Вилијамс за нов тренер, а искусниот стручњак ќе добие најтежок договор во историјата на НБА.

Довчерашниот предводник на Феникс не чекаше долго додека најде нов ангажман, а Детроит го избрале Вилијамс поради искуството и резултатите кои ги постигна со „сонцата“ изминатите години.

За шест сезони, Вилијамс ќе заработи 78,5 милиони долари, што е рекордна сума во конкуренција на НБА тренерите во историјата на лигата.

Монти Вилијамс го водеше Феникс од 2019 година, а раководството реши да го отпушти откако екипата не ги исполни амбициите во плејофот по доаѓањето на ѕвезда како Кевин Дурент.

Детроит во се уште актуелната сезона оствари само 17 победи, забележувајќи го најлошиот резултат на франшизата.


1 view
bottom of page