„Дента кога наполнив 45“ – нова песна на „Нокаут“ и Брејк фото и видео
- Aleksandar Santovski
- Apr 29
- 1 min read
28.04.2026 April Vtornik
„Дента кога наполнив 45“ е новата песна на „Нокаут“ со Дарко Гелев-Брејк. Од бендот велат дека оваа песна е приказна за нештата со кои се судира секоја зрела личност по 45. година.
Автор на музиката е Никола Перевски-Пере, текстот е на Игор Џамбазов, а аранжманот е на Перевски и Дарко Димитров. Песната е снимена и миксана во студиото „НК продукција“, а финалниот микс, постпродукцијата и мастерингот се направени од Дарко Димитров во студиото „Димитрови“. Спотот е во продукција на „Фреш унион“, извршен продуцент е Васко Павлевски, а Огнен Шапковски е режисер.
„Нокаут“ ќе прослави 30 години на сцената со концерт на 9 мај во салата „Јане Сандански“. Гости ќе бидат Игор Џамбазов, Дарко Гелев-Брејк, „Дупер“, Дарко Димитров, Дамјан Пејчиноски и други. Билетите се продаваат преку мрежата на wayin.mk.






Comments