top of page

„Денот кога се запознавме пред 34 години“: Сопругата на Кили со емотивна порака за неговиот роденден

01.08.2026 Avgust Sabota

Македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили, кој е роден на 30 јули 1967 година, почина на 11 март годинава, оставајќи зад себе голема празнина на македонската филмска и театарска сцена. Годинава, неговите најблиски за првпат го дочекаа неговиот роденден без него.

По тој повод, неговата сопруга Гордана Деан Поп Христова на Фејсбук сподели серија фотографии од нивните заеднички моменти низ годините, меѓу кои и фотографии од нивната младост.„30-ти јули, твојот роденден и денот кога се запознавме пред 34 години“, напиша таа.

Меѓу објавените фотографии има и семејни моменти, како и фотографија со нејзината ќерка од првиот брак, актерката Нина Деан.

Кили од 2014 година живееше во Еквадор, каде што со Гордана и нивната ќерка Јоана изгради нов дом. По неговата смрт, Гордана остана да живее таму заедно со нивната ќерка.

Инаку, Гордана Деан Поп Христова е истакната кореографка и балетски педагог, добитничка на повеќе награди на југословенски балетски натпревари, како и на меѓународни признанија за кореографија. Во својата кариера реализирала бројни самостојни проекти во Македонскиот народен театар и Македонската опера и балет, а потпишува и околу 30 кореографии и сценски движења за драмски претстави во театрите низ Македонија.


 
 
 

Comments


bottom of page