top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Деновите на македонска музика почнуваат со концерт на Воениот оркестар

22.03.2024 Mart Petok

На 22 март почнува новото издание на фестивалот „Денови на македонската музика“, со концерт на Воениот оркестар на Армијата, под диригентска палка на Горан Илијевски, во големата сала на Филхармонијата. На концертот ќе бидат изведени дела од македонските композитори создадени за голем дувачки оркестар. Програмата на 47. „Денови на македонската музика“ е во знакот на извонредното творештво на македонските композитори од поголем обем: симфониско, оперско, дела за гудачки оркестар, но и камерен опус. Со концертите ќе бидат одбележани и повеќе значајни јубилеи, на композиторите Томислав Зографски, Михајло Николовски, Стојче Тошевски, Живојин Глишиќ, Тодор Трајчевски, но и јубилеите на МРТВ – 80 години од основањето и НУ „Танец“ – 75 години од основањето.

Вториот концерт е на 24 март (недела), во малата сала на Филхармонијата, камерниот оркестар „Профундис“ и солисти ќе ги изведат делата на композиторите Гоце Коларовски, Фатос Лумани, Дарија Андовска, Гоце Гавриловски и Ангел Спироски.

Програмата на фестивалот вклучува премиерни изведби на дела од помладата генерација, како и изведби на дела што се вбројуваат во ремек-делата на сите генерации композитори. Со свои концерти ќе се вклучат и Националната опера и балет, Филхармонијата, камерниот ансамбл „Алтус“, а ќе заврши со традиционалната трибина посветена на состојбите со творештвото на македонските композитори.

Уметничкиот одбор и СОКОМ, при кониципирањето на програмата, поаѓаат од фактот – домашното уметничко творештво зависи од сите нас, од нашата одговорност и од нашата грижа да овозможиме создавање, изведба и промоција на дела што ги означуваат нашите минато, сегашност и иднина.

Влезот на сите концерти е слободен.На 22 март почнува новото издание на фестивалот „Денови на македонската музика“, со концерт на Воениот оркестар на Армијата, под диригентска палка на Горан Илијевски, во големата сала на Филхармонијата. На концертот ќе бидат изведени дела од македонските композитори создадени за голем дувачки оркестар. Програмата на 47. „Денови на македонската музика“ е во знакот на извонредното творештво на македонските композитори од поголем обем: симфониско, оперско, дела за гудачки оркестар, но и камерен опус. Со концертите ќе бидат одбележани и повеќе значајни јубилеи, на композиторите Томислав Зографски, Михајло Николовски, Стојче Тошевски, Живојин Глишиќ, Тодор Трајчевски, но и јубилеите на МРТВ – 80 години од основањето и НУ „Танец“ – 75 години од основањето.

Вториот концерт е на 24 март (недела), во малата сала на Филхармонијата, камерниот оркестар „Профундис“ и солисти ќе ги изведат делата на композиторите Гоце Коларовски, Фатос Лумани, Дарија Андовска, Гоце Гавриловски и Ангел Спироски.

Програмата на фестивалот вклучува премиерни изведби на дела од помладата генерација, како и изведби на дела што се вбројуваат во ремек-делата на сите генерации композитори. Со свои концерти ќе се вклучат и Националната опера и балет, Филхармонијата, камерниот ансамбл „Алтус“, а ќе заврши со традиционалната трибина посветена на состојбите со творештвото на македонските композитори.

Уметничкиот одбор и СОКОМ, при кониципирањето на програмата, поаѓаат од фактот – домашното уметничко творештво зависи од сите нас, од нашата одговорност и од нашата грижа да овозможиме создавање, изведба и промоција на дела што ги означуваат нашите минато, сегашност и иднина.

Влезот на сите концерти е слободен.


1 view

Comments


bottom of page