top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

„Денови на поезијата“ во „Скопје сити мол“

18.03.2024 Mart Ponedelnik

Од 21 до 24 март, во „Скопје сити мол“ ќе се одржи манифестацијата „Денови на поезијата“, по повод Светскиот ден на поезијата, а во знак на 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин и 80 години од објавувањето на „Песни“ од Ацо Шопов – првата книга на македонски јазик во слободна Македонија.

Несекојдневниот и исклучителен настан ќе ѝ даде можност на најшироката публика да ужива во поезија од македонски поети од сите генерации, а додека се движи низ молот и да ги запише своите омилени стихови на „Sидот на поезијата“. Поезијата ќе се чита, слуша и доживува непрестано, преку богата програма, со низа настани на различни локации во „Скопје сити мол“. Покрај стиховите на Рацин и на Шопов, во просториите на молот ќе одекне и поезијата на класиците Гане Тодоровски и Матеја Матевски, по повод 95-годишнината од раѓањето, како и на Петре М. Андреевски и Влада Урошевиќ, за кои годинава се чествуваат девет децении од раѓањето. Посебно место ќе има и поезијата на автори од поновите генерации, а одделно внимание ќе им биде посветено и на најмладите автори.

Свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи во главниот влез на „Скопје сити мол“, в четврток, 21 март, со почеток во 18 часот, а ќе го води првенецот на Македонскиот народен театар, актерот Никола Ристановски.

Во изведба на Ристановски, публиката ќе чуе дел од поезијата на македонските класици, а беседата на отворањето ќе ја одржи Весна Мојсова-Чепишевска. Поезијата на Шопов ќе се чуе и на повеќе јазици, во превод на студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, при што збор ќе земе и деканот Владимир Мартиновски.

Од следниот ден, 22 март, на различни локации низ трговскиот центар ќе се одржат настани што ги поврзуваат сите генерации – поетски читања во книжарницата „Литература.мк“, проекција на анимирани филмови инспирирани од поезијата, разговори со македонски поети, рецитаторски натпревар за ученици од сите основни и средни училишта од државата, настани посветени на најмладите и особено на досега неоткриените таленти, за кои „Скопје сити мол“ обезбеди и пригодни награди. Поканети се сите што ја сакаат поезијата и што уживаат во книжевноста.

– Сите посетители на „Скопје сити мол“ што на „Ѕидот на поезијата“ ќе напишат понекој свој или пак некој омилен стих од ним драг поет ќе добијат ваучер за попуст во локалите „Амигос“, „Плеј“, „Тренд“ и „Ла Кучина“. „Синеплекс“ ќе ги отвори своите врати за љубителите на поезијата, кои ќе имаат можност да го проследат анимираниот омнибус „Небиднина“ (кратки анимирани филмови инспирирани од поезијата на Ацо Шопов во продукција на „Флипбук“), а наедно и да се сретнат и да разговараат со авторите.


1 view

Comments


bottom of page