top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Дензел Вашингтон жали што ја одбил улогата во филмот „Седум“

Актерот Дензел Вашингтон е познат по улогите во хит филмови како „Малколм Икс“, „Филаделфија“, „Праведникот“, „Ден за обука“, но има една улога за која жали што ја одбил. Вашингтон откри дека жали што ја одбил главната улога во филмот „Седум“, која му беше доделена на Бред Пит. „Ми понудија улога во „Седум“. Ја одбив. Бред Пит заврши како главен актер во тој филм. Навистина погрешив со тоа. Има доволно улоги за мене и се чини дека тие се појавуваат доволно редовно. Откако го освоив Оскарот, добивам повеќе понуди иако меѓу нив има многу ѓубре. Секогаш е тешко да се најде добар материјал“, додаде тој. Оскаровецот моментално го снима третиот дел од филмот „Праведниците“, кој треба да излезе во септември следната година.


1 view

Comments


bottom of page