top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Денеска почнува третото издание на Галичник Филм Фестивал

Под мотото „Диши длабоко и погледни кон небото. Си замисли желба? Се гледаме на Галичник!“, од денеска (3 август) официјално стартува третото издание на фестивалот за краток филм Галичник Филм Фестивал.

Организаторите најавуваат филмови што доаѓаат директно од селекциите на Cannes Film Festival, Oscars, Sundance, IDFA, Toronto International Film Festival и Locarno Film Festival.

Официјалната селекција како и претходните две, е составена од 20 краткометражни филмови во категориите: играни, документарни и анимирани кратки филмови.

Во рамките на фестивалот ќе биде организирана и „Екс – ЈУ“ работилницата за краткометражни сценарија под водство на Дејан Дуковски.

Како музичка програма на фестивалот, најавени се Ѓорѓи Шаревски и Јане Трајковски на 5 август, DJ Гоце Саф на 6 август и DJ Зоки Бејбе на 7 август.

Во жирито на фестивалот се актерот Никола Ристановски, режисерката и сценаристка Елеонора Вениновa и режисерот Георги М. Унковски.

Фестивалот го организираат Дарма Филм и Месна заедница Галичник, а е во поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија.


1 view

Comments


bottom of page