top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Денеска и утре проекции на македонскиот филм „М“ на Вардан Тозија на фестивалот во Котбус

Филмскиот фестивал „Котбус“ (ФФЦ) е еден од водечките меѓународни фестивали на источноевропскиот филм и годинава се одржува од 7 до 12 ноември. Денеска, во 13 часот, и утре во 18 часот, ќе се одржи проекција на македонскиот филм „М“ на Вардан Тозија. „Основан во 1991 година, Фестивалот сака да прикажува добри филмови и да им даде пристап до пазарот. Покрај тоа, има цел да ги зајакне талентите, да предизвика љубопитност, да ги доведе во прашање вообичаените клишеа и да го промовира дијалогот помеѓу филмаџиите. Затоа, речиси секој филм е проследен со возбудлива филмска дискусија (Q&A). Состаноците за вмрежување исто така обезбедуваат можности за размена меѓу филмаџиите и претставниците на индустријата“, велат организаторите. Сценариото е на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, продуценти се Дарко Попов и Вардан Тозија, а филмот е работен со копродуценти од Франција, Хрватска, Косово и од Луксембург. Актерската екипа ја сочинуваат: Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ-Вејзовиќ, Верица Недеска, Владимир Тулиев, Оливер Митковски, Мирослав Петковиќ, Жаклина Петровска, Благоја Веселинов, Борис Дамовски, Јамина Билаловиќ, Михајло Миленковски и Тони Михајловски. Кинематографер е Владимир Самоиловски, костимите се дело на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек, музиката е на реномираниот филмски композитор Натаниел Бергес (Nathanaël Bergèse) во соработка со францускиот копродуцент Les Contes Modernes. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм, Хрватскиот аудиовизуелен центар, „Косово филм центар“, SACEM (Франција) ТВ „Телма“ (Македонија), Agora Co-Production Market at IFF Thessaloniki 2019 ScriptTeast 2020 – Script Development Workshop (Poland, Germany, France) Sofia Meetings (WiP) at IFF Sofia 2020.


1 view

Comments


bottom of page