Денвер ги докусури „езерџиите“, Јокиќ е МВП на конференциското финале (ВИДЕО)
Денвер Нагетс е првиот финалист за оваа сезона во НБА лигата и тоа откако во четири натпревари му пресуди на тимот на Лос Анџелес Лејкерс.
Избраниците на Мајк Мелоун по втор пат славеа во Лос Анџелес, овој пат со 113-111 што беше доволно за 4-0 и „метла“ за славниот клуб од Калифорнија. Гостите добро знаеја што сакаат на овој натпревар, па иако го загубија првото полувреме со 73-58 се соземаа во вториот дел, направија пресврт и ја затворија оваа серија на Западот.
Ново блескаво издание имаше Јокиќ со 30 поени, 14 скокови и 13 асистенции, најголема поддршка му беше Мареј со 25, додека Гордон беше автор на 22 кошеви. Ова за Србинот беше осми трипл-дабл во разигурвањето со што го надмина легендарниот Вилт Чембрлен, поточно собори рекорд 56 години.
Comments