top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Ден кој засекогаш ќе остане во срцата на фановите: Деветнаесет години од европската титула на Комета

Пред 19 години Македонија се радуваше на првиот голем трофеј во ракометна Европа, а автори на истиот беа ракометарките на Кометал Ѓорче Петров.

Составот на Кометал Ѓорче Петров предводен од Индира Кастратовиќ славеше во реваншот над унгарски Херц Ференцварош со 26-22 и со тоа ја освои титулата и донесе огромна еуфорија како во СРЦ Кале, така и во Скопје и во цела Македонија.

За скопскиот тим тогаш настапуваа Дину, Нацева, Кастратовиќ, Платон, Велкова, Будумир, Чупиќ, Малахова, Кисељова…имиња кои со големи букви ќе останат запаметени во историјата, но и во меморијата на сите вистински ракометни фанови.



1 view

Comments


bottom of page