Деми Мур нема да ја скрати косата за улога: Нека ми дадат перика
Деми Мур откри дека никогаш повеќе не би ја скратила косата за некоја улога. Добивај вести на вибер 59-годишната актерка славно ја избричи главата во 1997 година за главната улога во G.I. Jane, но сега ќе ѝ биде тешко повторно да го смени својот заштитен знак до половината бидејќи нема што да докажува. „Мислам дека сега кога сум постара, знам и дека немам што да докажувам. Па ако навистина им треба да биде поинаква мојата коса, може да ми дадат перика“, рече таа во интервју за магазинот „Пипл“. „Исто така, не ми е јасно како ќе порасне повторно“. Ѕвездата на „Непристоен предлог“, во кој глумеше покрај Роберт Редфорд, пробала разни стилови во текот на годините, а сега таа не се занимава со тоа и смета дека е стресно, дури и кога луѓето ѝ ја допираат косата. „Ѝ направив сè на мојата коса. Ја избричив. Ја бојадисував. Имав боб-фризура. Кога не работам, се трудам што помалку да експериментирам“.
Comments