top of page

Дембеле со два гола во полувреме до Топ 5 на вечната листа во ЛШ

Sep 10
1 min read

09.09.2026 Septemvri Sreda

Усман Дембеле има одличен старт на новата сезона во Лигата на шампионите и постигна два гола уште во првото полувреме на дуелот меѓу ПСЖ и Слован.

Францускиот репрезентативец го направи лесен патот до победата за актуелниот француски шампион, а го начна противникот уште во 17. минута од натпреварот.

Шест минути подоцна Дембеле погоди уште еднаш, со што стигна до вкупно 30 голови во најелитното европско натпреварување, а тоа е специјален момент за освојувачот на „Златната топка“.

Дембеле го потисна Давид Трезеге во Топ 5 стрелци во Лигата на шампионите и сега од петтото место ќе се надева дека ќе напредува и на подобра позиција.

Пред фудбалерот на ПСЖ сега се Гризман со 44, Анри со 50, Мбапе со 71 и Бензема со 90 голови.


 
 
 

Comments


bottom of page