top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Дембеле: Загубив цели четири години во Барселона, сега имам само една цел!

Дојде време Усман Дембеле да биде исклучително самокритичен на тоа што го правеше во Барселона во изминатите неколку сезони, а сето тоа е резултат на добрите изданија кои ги има под водство на Чави и неверојатната преродба која ја доживува на здравствено поле.

Пред да дојде Чави во првиот тим на Барса, Дембеле влегуваше од повреда во повреда и повеќе беше надвор од теренот, отколку заедно со соиграчите во соблекувалната, па откако пред извесно време откри дека тоа се должи на значајната промена во навиките и посериозниот пристап, сега додава дека си зацртал и јасна цел за својата втора етапа во Барселона.

За Французинот, продолжувањето на договорот е како втора шанса за него во Барса, бидејќи во првата, смета дека загубил цели четири години од фудбалската кариера.

– Бев млад и се прават многу грешки. За среќа, успеав да излезам од таа тешка ситуација. Загубив неверојатно многу време од 2017-та до 2021-ва година. Загубив четири години од животот во Барселона. Имав многу повреди, кога не работиш како што треба, се враќаш многу чекори наназад. Сега се подобрив, немам ниту една повреда и стискаме палци да остане така.

– Сега сите зборуваат само за мојот фудбал и тоа е многу добро. Чави комплетно верува во мене и морав да останам поради него. Имам огромна желба да и помогнам на Барселона да ја освои титулата во Лигата на шампионите. Тоа е мојата голема цел, Барса нема трофеј во ЛШ седум години и време е да го направиме тоа, – порачува Дембеле во интервјуто за „Радио Монте Карло“


2 views

ความคิดเห็น


bottom of page