top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Делото на Ботичели со таен цртеж продадено во Њујорк за 45 милиони долари

Делото „Христос – Човекот на болката“ од италијанскиот сликар Сандро Ботичели (1445- 1510) која според научниците криеше таен цртеж, е продадена од аукциската куќа Сотби во Њујорк за нешто повеќе од 45 милиони долари.

Сликата, која беше проценета на најмалку 40 милиони долари, содржи скици на Богородица и детето, открија научниците. Тие сметаат дека Ботичели веројатно ги отфрлил скиците и почнал да се занимава со сосема поинаков мотив.

Крис Апостил, потпретседател и директор на Одделот за слики на стари мајстори во Сотби во Њујорк, имал можност да ја прегледа сликата и верува дека станува збор за композиција од иконостаси позната како „Најмилосрдна Богородица“.

“На таквите икони Богородица нежно го гушка бебето Исус кое го притиска неговиот образ на нејзиниот, а линии кои потсетуваат на такви слики биле забележани по снимањето со инфрацрвена камера“, пишува CNN.

Сликата „Христос – Човекот на болката“ последен пат била продадена во 1963 година за 26.000 долари. Инаку, ова е една од последните слики на Ботичели во приватна сопственост. Датира од почетокот на 16 век, од негова доцна фаза позната по неговите дела изложени во галеријата Уфици („Пролет“, „Раѓање на Венера“) , чии фрески ја красат Сикстинската капела во Ватикан.

Ова е сепак половина од рекордната цена постигната минатата година за сликата на овој италијански ренесансен мајстор „Младиот човек со медалјон“ (92,2 милиони долари).


3 views

Comments


bottom of page