top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Делвекио за потегот на Рома: Трансферот на Дибала ме посетува на доаѓањето на Батистута

Калчолигашот Рома донесе неколку нови играчи во овој летен преоден рок, но најзвучно од сите дефинитивно е Пауло Дибала кој како слободен агент се реши да ја прифати понудата на составот од италијанската престолнина.

Аргентинецот одговори позитивно на повикот од Жозе Мурињо и дефинитивно донесе голем отимизам кај фановите на „волчицата“ дека нареднава кампања може да биде специјална, односно да биде уште подобра од минатата кога клубот по долго време дојде до трофеј и тоа на меѓународна сцена каде триумфира во Конференциската лига на УЕФА.

Марко Делвекио една деценија беше дел од Рома и многу добро го познава клубот, па од свој агол даде коментар за ангажманот на Дибала кого го спореди со трансферот на Габриел Батистута кој беше реализиран на почеткот на овој век.

-Како трансфер истиот ме потсетува на него, но ако ги споредуваме зборуваме за двајца различни фудбалери. Пауло повеќе би го споредил со Монтела. Габриел не беше единственото одлучувачко засилување таа сезона, еден човек не можеше да биде доволен за да направи скок до Скудетото. Да не заборавиме дека заедно со него дојдоа Емерсон и Самуел како и Лупатели, Зебина, Гугу, можеби некого и заборавам, -порача Марко за „Ил Месаџеро“.


2 views

Comments


bottom of page