Search
Делата на Пикасо oд колекцијата на ОСТЕН во Домот на културата во Ѓорче Петров
Во Домот на културата во Ѓорче Петров на 20 октомври од 12 – 22 часот ќе биде поставена изложбата на керамики, цртежи и графики од Пикасо, од колекцијата на ОСТЕН. Официјално отворање на настанот кој е во организација на Галеријата ОСТЕН и Општина Ѓорче Петров е во 19 часот, а влезот е бесплатен.
Во колекцијата на ОСТЕН се наоѓаат 83 оригинални дела на Пабло Пикасо од кои 8 цртежи, 26 керамики и рачно потпишани графики.
Покрај неприкосновената вредност на делата од легендата во уметноста на 20 век – Пабло Пикасо, оваа изложба е од исклучително значење и затоа што се организира по втор пат во Скопје.
Единствена изложба на дела од Пикасо од колекцијата на ОСТЕН претходно е организирана во Галерија ОСТЕН во 2011 година.
Comments