Деветта награда за најдобар млад преведувач ВАВИЛОН
По повод Европскиот ден на јазиците во 2022 година, денеска, во 17 часот, во „Јурп хаус Скопје“, ќе бидат објавени победниците на деветтата награда за најдобар млад преведувач ВАВИЛОН, организирана од Делегацијата на Европската Унија и Здружението на преведувачи и толкувачи (ЗПРМ).
Наградите ќе ги предадат н.е. Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија, г. Владимир Мартиновски, професор при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, писател, преведувач и амбасадор на наградата ВАВИЛОН за 2022 година и г. Никола Ѓелинчески, претседател на организацискиот одбор на наградата ВАВИЛОН и член на Здружението на преведувачи и толкувачи (ЗПРМ).
Целите на наградата за најдобар млад преведувач, започната од Делегацијата на Европската Унија во 2013 година, се промоција на младите преведувачи, како и поттикнување на квалитетот во преведувањето на книжевни дела. Конкурсот е отворен за млади преведувачи до 26 години, додека делата мора да се преводи на книжевни дела од еден од 24-те службени јазици на Европската Унија на кој било од јазиците што се говорат во земјата.
На настанот ќе биде објавено и десеттото, јубилејно издание на наградата за најдобар млад преведувач ВАВИЛОН. Истиот ден, на 26 септември, ќе бидат објавени и деталните критериуми за наградата во 2023.
Comments