„Деветката“ остана празна во Реал, Хоселу порача: Тоа што имам број…
Реал Мадрид денеска официјално го претстави четвртото засилување во овој преоден рок, засилување кое дојде од редовите на Еспањол-тоа е Хоселу Мато. Мато нареднава сезона ќе ја мина на позајмица на „Сантијаго Бернабеу“ или поточно ова за него е враќање во клубот затоа што своевремено играше за втората екипа, а забележа и настап за сениорскиот тим во сезоната 2011/2012. Потоа патиштата им се разделија, но по повеќе од една деценија истите одново се споија и сега Хоселу како ветеран, 33-годишниот голгетер се враќа во Мадрид. Иако имаше можност да ја земе „деветката“ тој денеска беше претставен со бројот 14 со што се отвори дебата дали 9-ката се чува за некој друг како Килијан Мбапе, Хари Кејн или можеби некој друг играч од екипата ќе го земе истиот. Во историјата на Реал „деветката“ никогаш не била слободна, па Хоселу имаше можност да одговори за изброт на бројот на дресот. -Најважната работа е што сум тука, бројот е најмалку важен. Носев 9 во Кастилја, ама да имаш број меѓу 25 најдобри играчи на светот, тоа е неверојато, -порача новиот напаѓач на шпанскиот великан.
Comments