top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Девет милиони луѓе ја слушале божикната порака на кралицата

Традиционалното божикно обраќање на кралицата Елизабета Втора , во кое таа емотивно зборуваше за својот покоен сопруг и сочувствуваше со семејствата на кои им недостасуваат најблиските, била најгледаната ТВ-емисија на Божиќ во Велика Британија. Како што пренесува „Би-би-си“, публика од 8,96 милиони луѓе го гледале празничното обраќање што се емитуваше на „Би-би-си уан“, „Ај-ти-ви“ и „Скај њус“ според рејтинзите во текот на ноќта. Специјалното издание на „Би-би-си“ Strictly Come Dancing Christmas Special и Call the Midwife биле следните две најгледани емисии таа ноќ. Во битката на сапуниците, Coronation Street на „Ај-ти-ви“ се најде на врвот. Во својата прва годишна божиќна порака по смртта на принцот Филип, кралицата (95) го опиша како нејзин сакан. „Божиќ може да биде тежок за оние кои ги загубиле своите сакани – оваа година особено разбирам зошто“, рече таа во претходно снименото 10-минутно обраќање емитувано во 15:00 часот по Гринич.


0 views

Comments


bottom of page