Девет медали за каратистите на Макпетрол од балканското првенство во Белград
Викендов во Белград се одржа Балканско првенство за деца , ветерани и сениори/ки, во дисциплините борби и кати во поединечна и екипна конкуренција.
На првенството учество земаа 10 држави и 1338 спортисти-ки. Македонските репрезентативци членови на Скопски Макпетрол имаа одлично преставување на ова најквалитетно регионално натпреварување. Тие успеаја да освојат вкупно 9 (девет ) медали од кои 3 (три) златни, 1 (една) сребрена и 5 (пет) бронзени медали.
Тренерот на клубот Макпетрол Бошко Заборски изјави:
– На ова најсилно регионално првенство на кое земаа учество 10 држави од нашиот клуб замина сениорскиот состав и спортистите кои се над 18 год а треба да земат учество на претстојното европско првенство за кадети, јуниори и постари јуниори кое треба да сс одржи во Прага, Чешка. Како спортски колектив задоволни сме од постигнатото иако имаме квалитет и можности за многу поголеми резултатски постигнувања. Успеавме да освоиме вкупно девет медали, од кои 3 (три) се освоени во поединечна конкуренција а 6 (шес) медали се освоени во екипна конкуренција со тимовите во борби.
-Најдобар успех на ова првенство постигна спортистот Петар Заборски, тој успеа да освои медали и во двете дисциплини и со двата медали од кои еден златен и еден бронзен е најуспешен такмичар на ова натпреварување. Добар впечаток остави исто така и младиот натпреварувач Витомир Трајковски, тој успеа да влезе во финалната борба, претходно имаше 4 (четири) , победи и со оглед на тоа што само што наполни 18 години ова за нас преставува голем резултат. Ангела Мојсовска беше стандардна , откако не успеа да влезе во финалето, рутински ја совлада својата противничка од Црна Гора во борбата за бронзениот медал.
-Сакам да го истакнам посебно следниов податок, многу сум среќен и задоволен од настапот на машкиот тим, кој на ова првенство покажа голема хомогеност, сплотеност и соработка тоа се особини што до сега како да ни недостасуваа. Сега само треба да го негуваме овој тим да го подготвуваме и сигурен сум дека тимот од како станавме балкански прваци , следна цел треба да ни биде освојување на медал од европско и светско првенство, -порача Заборски.
Во поединечна конкуренција борби медали освоија : 1.Витомир Трајковски сребрен медал – 84 кг
2. Петар Заборски бронзен медал -75 кг
3. Ангела Мојсовска бронзен медал -68 кг
БОРБИ ЕКИПНО ЖЕНИ БРОНЗЕН МЕДАЛ:
Три спортистки од вкупно четири во дисциплината борби екипно се спортистки на Макпетрол и освоија бронзен медал, за тимот во борби настапија, Симона Заборска, Ангела Мојсовска и Моника Пендаровска (сите од Макпетрол), како и спортистката Јована Георгиева (Олимпик Скопје)
СЕНИОРСКИ ТИМ ЕКИПНО БОРБИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ:
Тимот го направи најголемиот успех на ова натпреварување, и сите не направи да бидеме многу горди и задоволни од постигнатиот успех. Сениорите успеаја да ги победат силните селекции на Србија во полуфиналната борба и подоцна во финалето ја победија и Црна Гора, го освоија златниот медал, и станаа Балкански прваци во дисциплината екипно борби во сениорска конкуренција.
Овој голем успех го постигнаа следните репрезентативци:
Глигор Петков, Петар Спасеновски, Мурсел Мисими, Дуан Османи, Петар Заборски, Александар Кузмановски (селектор) Фаик Весели Бошко Заборски (тренер) и Вегим Мурати.
Comments