top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Девет европски селекции од минатото СП сигурно ќе играат и во Катар

Updated: Nov 18, 2021

17.11.2021 Noemvri Sreda

Меѓу репрезентациите што од Европа директно се пласираа на фудбалското Светско првенство (СП) в година во Катар има четири селекции што ја освојувале светската титула, меѓу нив и актуелниот првак Франција (две титули), а меѓу учесниците на Светското првенство во 2022 година се и Германија (четири титули), Англија и Шпанија (по една). Во баражот ќе игра петтиот некогашен светски првак од Европа, Италија (четири трофеи).

Со пласманот на репрезентацијата на Англија се комплетираа првите четири селекции од минатото СП, во 2018 година, откако претходно пласман обезбедија и шампионот Франција, вицепрвакот Хрватска и освојувачот на бронзениот медал, Белгија. На Светското првенство во 2018 година настапија вкупно 14 репрезентации од Европа, од нив девет сигурно ќе играат и на СП 2022 (Франција, Хрватска, Белгија, Англија, Србија, Данска, Германија, Швајцарија и Шпанија), четири селекции ќе настапат во баражот (Шведска, Португалија, Русија и Полска), а една репрезентација не се пласира (Исланд).


1 view

Comments


bottom of page