Дебакл во Лас Вегас: Саинц собра капах од шахта, тренингот прекинат (Видео)
Болидот на Карлос Саинц заврши со големо оштетување на подот поради невообичаените проблеми кои се појавија на Формула 1 патеката во Лас Вегас.
Учесниците на претстојната трка го започнаа првиот тренинг со желба да се запознаат со патеката во Невада, но наместо тоа, Саинц налета на капак од шахта и доби оштетување на болидот, а тренингот веднаш бил прекинат.
Оштетување на болидот на сличен начин имало и кај Естебан Окон, а ФИА најави дека мора да ги провери сите 30 капаци на патеката пред да продолжат активностите во рамките на Ф1 викендот.
– Ова е неприфатливо. Организаторите приредија големо шоу на отворањето, но „Либерти Медиа“ мора да ја оддели забавата од спортскиот дел. Работата мора да се заврши добро и на делот кој е поважен за нас, – изјавил Фредерик Васер, тимскиот шеф на Ферари, кој открил дека оштетувањето на болидот чини цело богатство за неговиот тим.
Comments