top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Де Ѕерби не се согласува со фудбалската теорија на Алегри: Јас го посветив мојот живот на оваа игра

Роберто Де Ѕерби со својата филозфија и стилот на игра кој го негува брзо ги придоби симпатиите во фудбалска Англија, па токму поради тоа, дел од Италијанците со доза на љубомора го следат неговиот успех надвор од дома.

Де Ѕерби се етаблираше како врвен фудбалски стручњак токму во Серија А каде правеше чуда со Сасуоло, но фудбалскиот пат го однесе до најсилната фудбалска лига во светот и минатата сезона испиша историја во Брајтон.

И покрај тоа што е далеку од дома, Де Ѕерби останува во контакт со италијанските новинари и открива дека будно ги следи случувањата во родната земја, но и изјавите на своите колеги.

Во ексклузивното интервју кое го направи за „Газета дело Спорт“, Де Ѕерби потенцира дека не се согласува со фудбалската теорија на Макс Алегри, кој често знае да каже дека фудбалот е едноставна игра во која најважен е резултатот.

– Не се согласувам со ставот на Макс. Не може да биде едноставно кога на теренот се соочуваат 22 различни играчи, врз кои влијаат безброј различни фактори. Исто така, победата и резултатот не е секогаш најважен, за мене, резултатот е на последно место.

– Кога губам, не сум среќен, но резултатот не е одраз за тоа што се случува на теренот. Јас го посветив мојот живот на фудбалот, а ако се зависи од резултатот, од една грешка и од еден пенал, ќе се чувствувам како го.но. Јас сакам да победувам со мојот стил на игра, сакам мојот тим да игра онака како што сум замислил, без оглед на конечниот резултат, – потенцира Де Ѕерби.


0 views

Comments


bottom of page