top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Де Ниро може да го задржи богатството, пресуди судот

01.11.2021 Noemvri Ponedelnik

Роберт де Ниро нема да мора да ѝ предаде половина од своето богатство од 500 милиони долари на својата отуѓена сопруга. 77-годишниот актер е во процес на развод од Грејс Хајтауер од 2018 година, а минатата недела 66-годишната Грејс ја загуби правната битка откако судот го отфрли нејзиното тврдење дека има право на половина од парите што холивудската легенда ги заработи од филмови и од различни деловни потфати во текот на нивниот 24-годишен брак. Апелациониот оддел на Врховниот суд на Њујорк ја потврди пресудата донесена во февруари, а во која се наведува: „Приходот на сопругот заработен во текот на бракот, и друг деловен имот стекнат за тоа време, е негова посебна сопственост“. Грејс инсистираше на тоа дека заработката на актерот ветеран се смета како брачен имот и треба да се подели рамномерно како што е наведено во нивниот предбрачен договор од 2004 година. Сепак, условите на предбрачниот договор ќе бидат прифатени, што значи дека ѕвездата на „Разјарениот бик“ ќе ѝ плаќа алиментација на Грејс во висина од 1 милион долари годишно до неговата смрт или додека таа повторно не се омажи. Тој исто така ќе треба да ѝ даде 6 милиони долари за нова куќа. Адвокатката на Де Ниро, Керолин Краус, претходно тврдеше дека нејзиниот клиент не може да ги следи екстравагантните навики на поранешната сопруга и ја обвини дека поставува барања кои граничат со расипништво и алчност. Де Ниро потрошил неверојатни 1,2 милион долари за да ѝ купи дијамант во 2019 година, но тимот на Грејс го негираше ваквото тврдење. На рочиште во април адвокатката на Де Ниро рече дека тој бил присилен да продолжи да работи на 77-годишна возраст за да го финансира животниот стил на Грејс.



0 views

Comments


bottom of page