Search
Де Минор се повреди, Ѓоковиќ го освои пехарот во Пекинг (ВИДЕО) тенис
06.10.2026 Oktomvri Vtornik
Поранешниот светски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ е победник на АТП турнирот од серијата 500 во Пекинг.
Ѓоковиќ во големото финале се соочи со Алекс Де Минор од Австралија, играч кој одлучи да се повлече и го предаде мечот на стартот на вториот сет.
Првиот сет донесе голема борба, надигрувањето траеше повеќе од еден час, а се мораше да се реши во тај-брејкот во кој Ноле беше на повисоко ниво и славеше со 7-3. Потоа дојде до медицински тај-аут од страна на двајцата тенисери, но натпреварот продолжи и Де Минор дојде до предност од 1-0 во гејмови по што одлучи дека е време тука да стави крај поради повредата.







Comments